
Каква бламажа на фудбалерот на Челси – промаши празен гол од 6-7 метри (ВИДЕО)
На почетокот од второто полувреме од дуелот против Сервет на Стемфорд Бриџ, при водство на неговиот тим со 1-0, младиот Шпанец имаше можност да постигне гол бидејќи се избори за една топка во противничкиот шеснаесетник.
Сепак, место рутинирано да ја затресе мрежата, Гују несериозно шутираше и му дозволи на противничкиот голман не еднаш, туку два пати да ги одбрани неговите удари, а мрежата не се затресе.