Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каков рудник си купи цеметарницата „Усје“ за Нова година?
Економија

Каков рудник си купи цеметарницата „Усје“ за Нова година?

25/12/2023

AA

Рудникот за неметали „Опалит“ е долгогодишен партнер кој скопска цементарница ја снабдува со опалска бреча – суровина неопходна за правење цемент. Акционерите на „Усје“ одлучија да го превземат „Опалит“ топтан со фирмата што досега го поседуваше, а беше регистрирана како мелница. „Опалит“ продолжува да работи, но името се брише, а рудникот влегува во состав на „Усје“

Скопската цементарница „Усје“, единствениот македонски производител на цемент и други градежни материјали, и една од најголемите 50 компании во земјава се поднови за Нова година.

Според официјалните податоци кои се достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност се гледа дека скопски „Усје“ за Нова година си купи рудник!

Станува збор за одлука со која две компании од општината Чешиново Облешево се спојуваат со скопски „Усје“. Првата компанија е сопственик на рудник за минерална суровина – опалска бреча, а другата е самиот рудник „Опалит“ од Чешиново кој долги години наназад е кооперант и партнер на „Усје“.

Според достапните податоци од берзата акционерите на „Усје“ поточо групацијата за цемент „Титан“ која е доминантен сопственик одлучи да ги припои двете компании ИД Компани и рудникот за неметали „Опалит“.

Со превземањето односно припојувањето рудникот „Опалит“ престанува да постои и ќе биде дел од цементарницата „Усје“. Истото се однесува и на неговиот сопственик „ИД Компани“ која е регистрирана за мелнички производи.

Според достапни официјални податоци ИД Компани Кочани е регистрирана со капитал од 355.000 евра. Најнови јавно достапни податоци има за 2022 година и според нив ова друштво нема вработени, а лани остварило приход од 6 евра, а годината ја завршило со загуба од 2.200 евра. Сопственик на ова друштво е скопската цементарница „Усје“.

Рудникот за неметали и досега индиректно бил во сопственост на скопската цементарница. Преку ИД Компани кој бил сопственик на рудникот за неметали. Чешиновски „Опалит“ лани имал приход од 1,5 милиони евра и остварил добивка од 150.000 евра. Друштвото лани имало 5 вработени лица.

Акционерското собрание со кое цементарницата „Усје„ одлучи да ги припои двете друштва е одржано на 18 декември односно минатиот понеделник.

Опалитот што се ископува во рудникот на оваа компанија, која сега се присоединува со „Усје“ се користи како суровина во процесот за производство на цемент.

Скопската цементарница „Усје“ е бизнис гигант во македонската економија. Освен што е единствена цементарница на нашиот пазар важи и за успешна компанија која континуирано е дел од најголемите 50 македонски фирми. За првите девет месеци годинава „Усје“ има приходи од продажба кои изнесуваат 75 милиони евра и тие се на ниво на оствареното во претходната 2021 година. За девет месеци оперативната добивка на „Усје“ изнесува 20 милиони евра, а нето добивката на компанијата е 18 милиони евра и тоа е за 80 отсто подобар резултат од истиот период лани.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy