Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКОВ ПАРАДОКС: ТУРЦИЈА НА ХРВАТСКА Ѝ ДАДЕ 200 КОНТЕЊЕРИ ЗА ЖИВОТ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ – Хрватите сега не можат да ги вратат, еве која е причината
Регион

КАКОВ ПАРАДОКС: ТУРЦИЈА НА ХРВАТСКА Ѝ ДАДЕ 200 КОНТЕЊЕРИ ЗА ЖИВОТ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ – Хрватите сега не можат да ги вратат, еве која е причината

09/02/2023

AA

Турската влада и донираше 200 контејнери за домување на Хрватска, во јануари 2021 година, по катастрофалниот земјотрес во областа Банија. Денес, кога таа земја ја погоди далеку поразорен земјотрес, Хрватска не може да ја врати донацијата, бидејќи и две години по земјотресот, луѓето се уште живеат во турските контејнери.

Од Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот на Хрватска, со кое неодамна раководи Бранко Бачиќ од ХДЗ, ја потврдија оваа информација, а не одговорија на директно прашање дали Хрватска може да ја врати или возврати донацијата на контејнери за домување.

Турската помош беше важна за време на земјотресот

„Пријателството се рефлектира на материјален, конкретен начин во овие тешки времиња во кои е потребна помош од пријателите“, рече Мустафа Бабур Хизлан, амбасадор на Турција, кога ја посети Петриња во 2021 година. Уште повеќе, во првите денови по разорниот земјотрес на 29 декември, Турција испрати 480 шатори и 272 грејни тела во округот Сисак-Мославина.

Меѓу оваа помош имаше и контејнери за сместување, а повеќето од овие контејнери сè уште се во употреба. Како што за Индекс.хр изјавиле од градот Сисак, турската помош во опрема и контејнери била многу важна во моментот на земјотресот.

„Турските контејнери се меѓу најдобро опремените“

„Со оглед на тоа што реконструкцијата на куќите и станбените згради не е ни приближно завршена, семејствата чии куќи и станови беа оштетени во земјотресот на 29 декември 2020 година сè уште се сместени во контејнерски населби. Во областа Сисак, неколку контејнерски населби беа распуштени, од каде што нивните жители беа преместени во привремено постојано сместување, но приоритетно беа демонтирани населбите со контејнери со полоши услови за живеење и помалку опремени. Турските контејнери се меѓу најдобро опремените“, рекле од Град Сисак.

Како што посочуваат, во контејнерските населби на подрачјето на градот Сисак има уште 60 турски контејнери, за кои се грижи Штабот за цивилна заштита на градот Сисак, но во нив се сместени семејствата кои останале бездомници во земјотресот, а нивното преместување во моментов е невозможно.

Повеќето од контејнерите се во употреба

„Постои можност поединечни контејнери од турската помош да се наоѓаат веднаш до домовите на луѓето, но за тоа немаме информации“, изјавиле оттаму.

Од Министерството за градежништво потврдиле дека контејнерите од турската донација се уште се во употреба, а помал дел од контејнерите кои веќе не се во употреба се вратени во Дирекцијата за цивилна заштита на Република Хрватска.

„Поголемиот дел од контејнерите кои беа добиени како донаторска помош од Турција се уште се користат во областа Бановина“, велат од Министерството за градежништво. Тие не одговориле на директното прашање дали Хрватска може да ја врати или возврати донацијата на контејнери за домување.

Имндекс.хр

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy