
КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ – на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка
Иако се мало акционерско друштво и немаат обврска да објавуваат ревидирани финансиски извештаи, од Златара Рубин сепак ги споделија со јавноста финасиските резултати од работењето во минатата година. Се разбира, тие ги прикажуваат само основните бројки, односно приходите и нето добивката што биле остварени во 2023 година.
А, бројките покажуваат дека во минатата година Златара Рубин остварила одлични приходи, но добивката не е сосема импресивна, односно таа изнесува нецели три илјади евра.
Односно, во минатата година Златара Рубин има остварено приходи од дури 1,1 милиони евра.
Нема информација дали овој приход од работењето е остварен на домашен или на странски пазар, ниту конкретно какви производи се продале и како се одвивало работењето.
Од преходни финансики извештаи, пак, може да се види дека Златара Рубин во претходната 2022 година остварила сличен приход, односно 1,07 милиони евра.
Во објавените податоци за 2023 година мпоже да се види дека Златара Рубин лани имала добивка пред оданочување од 3.500 илјади евра, додека, пак, по плаќање на данокот, конечниот профит изнесува 2.730 евра, што сепак е пораст во однос на нецели 600 евра нето добивка прикажани за 2022 година.
Н.Н.Ф.