Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Kaко со неколку техники да заштедиме пари во семејниот буџет?
Економија

Kaко со неколку техники да заштедиме пари во семејниот буџет?

23/05/2023

AA

Во
време на криза и висока инфлација, има начин граѓаните да заштедат пари.

Ако
пребарате на интернет, ќе пронајдете совети кои укажуваат дека треба да се
планираат парите кои се неопходни за храна и сметки на месечно или неделно
ниво, дека со откажување на пороците како што се цигарите се заштедува солидна
сума, дека со намалување на излегувањето по угостителски објекти исто
можат да ви останат пари во домашниот буџет. Ако граѓаните се фокусираат да ги
купуваат најнеопходните работи и да се лишат од она што е луксуз, исто ќе имаат
одредена сума на пари која ќе им остане во семејниот буџет.

„Управувањето со личните
финансии опфаќа повеќе различни концепти, како на пример планирање на личните
приходи и расходи, планови за штедење, инвестиции, осигурување, и слично. Во услови на економска
криза, односно при висока инфлација и растечки цени, како што е тоа периодов,
граѓаните потребно е добро да ги планираат своите лични финансии со цел да ја
зајакнат финансиската отпорноста кон таквите притисоци и да обезбедат поголема
финансиска стабилност за себе и своите семејства. Еден аспект во овој контекст
е да се направи реална проекција на очекуваните лични приходи и врз основа на
тоа да се димензионираат расходите. Во делот на расходите, секако, потребно е
да се внимава на одредени непродуктивни и непотребни расходи, како на пример претплата
за одредени сервиси кои не ни се неопходни, но и да се внимава секогаш кога тоа
е можно да се прават заштеди во делот на личната потрошувачка. Особено битен аспект е
исто така и финансиската дисциплина, односно поставување на реално остварливи
финансиски цели, подготовка на план за нивно остварување, како и придржување до
поставениот план. Дополнително, би ја истакнал и финансиската едукација, пред сè кај младите лица, која е
неопходна за носење исправни финансиски одлуки и спречување на можни финансиски
ризици кои често имаат далекусежни последици по финансиската благосостојба на
поединецот“, вели м-р Мартин Новески, претседател на
Здружението на економисти, статистичари и економетричари СИГМА СТАТ.

Весна Димитриевска, социолог кој долго време работи на тема
општествена нееднаквост вели дека ова е многу
сложена проблематика, но генерално имаме скап, неквалитетен живот, а шансите да се
заштеди не се големи. Таа објаснува дека живееме во потрошувачко општество и
тоа е тренд во светот. Сепак, како што додава и културната матрица си има свој
удел во целокупната состојба на трошење и планирањето на расходите.

„На пазарот се нудат многу
производи и луѓето сакаат да ги задоволат своите потреби, а колку е тоа
квалитетно е друго прашање. Живееме во потрошувачко општество, тоа е тренд
глобално. Темата е доста сложена и може да се гледа од повеќе аспекти“, вели
таа.

На интернет има и совети кои
упатуваат на тоа дека граѓаните треба 20 отсто од своите приходи да ги заштедат
ако се во можност, да одат на шопинг со однапред подготвен список, да
подготвуваат оброци дома наместо да се хранат во угостителски објекти, да избегнуваат
да користат такси превоз затоа што тоа е поскапа опција за транспорт до
одредено место, да имаат краткорочни и долгорочни планови за штедење.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy