Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО СЕ ПРАВИ ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА, НО И СЕ ИНВЕСТИРА ВО НОВИ ОБЈЕКТИ – акционерите на „Скопски пазар“ го имаат рецептот
Економија

КАКО СЕ ПРАВИ ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА, НО И СЕ ИНВЕСТИРА ВО НОВИ ОБЈЕКТИ – акционерите на „Скопски пазар“ го имаат рецептот

28/02/2024

AA

Како се прави добивка од два милиони евра годишно покажа скопската
компанија која управува со зелените пазари во земјава.

„Скопски пазар“ го објави својот Биланс на успех за минатата година, а тој
покажува дека ова акционерско друштво, чии доминантни акционери се две други
македонски фирми, лани не само што работело профитабилно, доближувајќи се до
чист профит од два милиони евра, или поточно 1,96 милиони, туку и ја зголемило добивката за 15 проценти.

Ако се погледне ланскиот Биланс на успех може да се види дека оперативните
приходи на компанијата лани се зголемиле за три проценти, или биле на ниво од
6,17 милиони евра. Притоа, приходите од продажбата на компанијата и донеле 4,47 милиони евра, што е намалување за девет проценти
во однос на претходната 2022 година. Но, од компанијата нагласуваат дека имаат стабилни оперативни приходи.

„Друштвото
во континуитет реализира стабилни приходи од издавање на деловен простор и
недвижности со тенденција значајно да ги подобрува севкупните деловни резултати
преку издавање на севкупниот недвижен имот расположлив за издавање“, напишале од компанијата во образложението на нивниот
финансиски резултат.

Но, затоа, пак, одлични приливи на ова акциконерско друштво му донеле
останатите оперативни приходи, од кои се слеале значајни 1,68 милиони евра и
кои во однос на претходната година се зголемени за дури 64 отсто.

Кога станува збор за расходната страна, пак, оперативните ртасходи биле на
ниво од 3,8 милиони евра, што е благо намалување за два проценти.

Она што е за поздравување е што за вработените се направени расходи од 1,5
милиони евра и што тука има зголемување за 6 проценти.

Сето ова довело до тоа компанијата да има оперативна добивка од 2,36
милиони ервра, што е раст за 13 проценти во однос на претходната година.

Конечната добивка би била и повисока доколку „Скопски пазар“ немл значајно
зголемување на финансиските расходи за дури 33 проценти, со што тие дошле на
ниво од 323 илјади евра. А, тие расходи главно се должат на трошоци за камати и
курсни разлики кои ги имало ова претпријатие. Што е и логично ако се има
предвид дека постојат долгорочни кредити кои ги исплаќа ова акционерско
друштво.

Од компанијата во своето образложение на финансиските резултати најавуваат
дека следните пет години нема да има дивиденда, како што немашпе ни лани, а од
остварената добивка од 2022 година.

„Согласно
планот за инвестициони активности на друштвото
и обврските за отплата на долгорочните кредити, а истовремено имајќи ја предвид
потребата од континуирана ликвидност на друштвото,
Управниот одбор на друштвото
е на став дека нема да има предуслови за исплата на дивиденда во наредните пет години“, се вели во обраџзложението.

Вкупните инвестиции во
нематеријални, материјални средства , вложувања во недвижности и инвестиции во ланската година изнесувале близу 3 милиони евра, соопшти
компанијата. Почната е изградбата на деловниот објект во Драчево.

„Согласно
одобрението за градба издадено од општина Кисела Вода во текот на 2023 година
се започнати градежни активности за изградба на нов деловен објект лоциран на
локацијата на која беше пазарот во населба Драчево“, се вели во образложението.

„Дејноста
за издавање на простор, изградба на простор и продажба на истиот, во рамки на
Сектор за пазари и недвижности е клучен носител за раст и развој на друштвото
во годините што следат. Поради таа причина целокупната енергија, знаење и
можности ќе бидат насочени кон спроведување на постојните инвестициони планови
и изнаоѓање на нови извори на приходи на Друштвото“, напишале од компанијата.

Како што објави Фактор, во ноември лани двајцата клучни акционери на
„Скопски пазар“, односно компанијата ЗСФ на градежникот Фатмир Етеми,
како и „Совемен дом“ од Прилеп,
ги засилија своите сопственички позиции во компанија и докупија акции,
стигнувајќи до 38,76 проценти од капиталот на компанијата.

Со тоа овие двајца акционери се изедначија, што значи дека ни
едниот пошушта, ниту другиот, но како и да е, откако се тие газди, компанијата
работи успешно и го враќа сјајот во своето деловно работење. Заено имаат
77,52 отсто од акциите на компанијата.

Ова друштво управува со 12
зелени пазари и 2.700 тезги. Покрај инвестицијата во Драчево, најавија и
дека ќе ги модернизираат пазарите и деловниот простор
низ Скопје.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy