Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ – рецептот го има прилепска компанија со странски газди
Економија

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ – рецептот го има прилепска компанија со странски газди

07/05/2024

AA

Како се прави чист профит поголем од три милиони евра за
само три месеци, рецептот го има прилепскиот „Мермерен комбинат“.

Компанијата која се занимава со вадење на декоративен
камен и камен за градежништво, варовник, суров гипс, креда и шкрилци, и која е
во сопственост на странски акционер, првото тримесечје од годинава го завршила
со нето добивка од 3,24 милиони евра.

Тоа го покажува Билансот на успех на компанијата кој беше
објавен деновиве преку Македонската берза, а кој говори дека во првиот квартал од
годинава, во однос на истиот период лани, прилепскиот „Мермерен комбинат“ има
повисок профит за дури 46 проценти.

Да видиме што го направи големиот профгит на оваа
компанија.

За само три месеци „Мермерен комбинат“ од Прилеп успеале
да инкасираат вкупни приходи од продажбата од дури 6,35 милиони евра. Тие се за
13 проценти поголеми во однос на истиот период лани, што говори дека основната
дејност на компанијата што ископува мермер оди одлично, бидејќи приходите од
продажбата говорат всушност во која насока се движи кор бизнисот на
компанијата.

Речиси целиот производ што го дава како финална вредност
„Мермерен комбинат“ оди во странство, за што говори податокот дека речиси
целиот приход, односно 6,32 милиони евра се приходи од продажба на странскиот
пазар, а и кај нив е регистрирано зголемување за 13 проценти во однос на истиот
период лани.

И додека кај основните приходи има зголемување,
компанијата била штедлива, па нејзините основни трошоци, односно трошоците на
дејноста се намалиле. Или, Билансот на успех говори дека трошоците на продадени
производи и услуги изнесувале 1,97 милиони евра, односно се намалени за 18
проценти.

Сето тоа прави компанијата да има бруто добивка од 4,38
милиони евра, што е раст за 37 отсто во однос на истиот период минатата година.

Откако од неа ќе се одземат административните трошоци,
заедно со трошците на продажба и маркетинг, се добива оперативна добивка од
3,62 милиони евра, што е пораст за 53 отсто во однос на истиот период лани.

Финансиските приходи и расходи не се високи, односно 44 и
47 илјади евра соодветно, но кај едните има намалување за 41 отсто, а кај
другите пораст за фантастични над 3 и пол илјади проценти. Со оглед што
финансиските расходи се расходи по основ на камати и курсни разлики, значи дека
компанијата влегла во некои заеми за кои сега се книжат трошоци.

И така, добивката пред оданочување била 3,62 милиони евра,
додека пак по плаќањето на корпоративниот данок таа изнесува 3,24 милиони евра
или порастот е за одлични 46 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy