
Како по обичај, финалето во Купот во продолженија
Ако минатите две финалиња минаа скоро без шанси, денешното понуди многу повеќе, низа шанси и на двете страни и по еден гол, но недоволно за да се дознае новиот освојувач.
Филип Мишевски од пенал во 28. минута донесе водство за Македонија ЃП, но „лавовите“ не успеаа да издржат до крај, па Фатјон Јусуфи на 15 минути пред крајот израмни.
Од 2017 година четири финалиња се решаваа на пенали од пет меча, а во 2020 само не се играше финале поради пандемијата со ковид-19.