Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како облеката на Зеленски создаде бура: Нови детали од конфликтот во Белата куќа
Македонија

Како облеката на Зеленски создаде бура: Нови детали од конфликтот во Белата куќа

02/03/2025

AA

„Денес навистина е среден“, беше првата реченица на актуелниот американски претседател Доналд Трамп кога во петокот се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Белата куќа.

Трамп секако мислеше на препознатливата маица на Зеленски во воен стил, која ја носи од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

Инаку, Зеленски е познат по своите маици откако се откажа од одела и вратоврски како солидарност за војниците на фронтот.

Темата за неговата појава повторно се појави во петокот кога за време на состанокот во Овалната соба, Трамп и неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс го нападнаа украинскиот претседател пред камерите, а сето започна со прашање на американски новинар.

„Зошто не носите костум? Вие сте на средба со највисоката функција во оваа земја и одбивате да носите костум. Дали воопшто имате одело? На многу Американци им пречи вашето непочитување на достоинството на оваа функција“ гласеше прашањето на Брајан Глен, известувач на Глас на Америка Реал.

Видно уморен и иритиран, Зеленски одговори: „Ќе носам одело кога ќе заврши војната“, за потоа да додаде „Можеби нешто слично на твоето, да. Можеби нешто подобро, не знам. Можеби нешто поевтино“

Низ просторијата одекнала смеа, но јасно е дека прашањето за оделото е одраз на поширока жалба на дел од американската десница, која смета дека Зеленски не покажува доволно благодарност за американската помош, јавува Би-Би-Си.

Глен е инаку познат како голем поддржувач на Трамп и партнер на радикалната десничарска претставничка Марџори Тејлор Грин, една од најистакнатите републиканци на MAGA. Неговата телевизија Real America’s Voice, основана во 2020 година, е позната по ширење теории на заговор, вклучувајќи ги и оние за кражба на изборите во 2020 година, напад на Конгресот во 2021 година и QAnon.

По средбата, Глен напиша дека има „големи симпатии за Украинците“, но дека одбивањето да носи костумот го покажува „внатрешното непочитување“ на Зеленски кон САД.

И додека конференцијата продолжи со прашања за испраќање американско оружје во Украина, Трамп на крајот повторно се осврна на облеката: „Ми се допаѓа твојата облека“, рече тој, покажувајќи кон Зеленски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy