Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како најстарата македонска автомобилска компанија ја зголеми добивката за 38 отсто?
Економија

Како најстарата македонска автомобилска компанија ја зголеми добивката за 38 отсто?

04/04/2024

AA

Десет милиони евра приходи од продажба и сервисирање возила, технички прегледи, осигурително-брокерски услуги, рента-кар и испитен центар за полагање возачки. Тоа е портфолиото на приходи на „Аутомакедонија“ од кои како нето добивка за акционерите останале чисти над половина милион евра

„Аутомакедонија“ има добра деловна година! Тоа го покажуваат финансиските резултати од билансот на успех на најстарата македонска компанија специјализирана за продажба на нови возила и за сервисирање на возила.

Вкупните оперативни приходи на „Аутомакедонија“ лани изнесуваат 9,9 милиони евраи во споредба со претходната година се зголемени за 12 отсто. Ова е највисокиот приход што оваа компанија го остварила во период од три години.

Во вкупниот приход продажбата на домашен пазар учествува со 8,74 милиони евра. Во продажбата се вклучени приходите што ги генерира продажбата на нови возила од палетите на три производители, сервисот за возила, услугите во трите станици за технички преглед во Скопје, компанијата за осигурително-брокерски работи,сообраќајниот испитен центар за пелагонискиот регион и рента-кар компанијата. Вкупните приходи се зголемени за 12 отсто во споредба со претходната споредбена година.

Од останати приходи оваа компанија инкасирала уште 1,14 милиони евра, а тоа е 65 отсто повеќе од 2022 година.

Оперативните расходи процентуално го следат растот на приходите на „Аутомакедонија“. Лани изнесувале 9,25 милиони евра и биле зголемени за 15 отсто во однос на 2022 година.

При тоа трошоците кај најголемата расходна ставка „набавна вредност на трговски стоки“ е зголемена за 20 отсто до износ од 5,6 милиони евра. Трошоците за вработените се втора најголема расходна ставка и изнесуваат 1,54 милиони евра.

Соодносот на приходите и оперативните расходи креирал оперативна добивка од 625.000 евра. По билансирањето на финансиските приходи и расходи нето добивката на оваа компанија изнесува 536.000 евра и во споредба со претходната година е поголема за 38 отсто.

Детали од корпоративното образложение на резултатите се достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67285

„Аутомакедонија“ е основана во далечната 1947 година и на пазарот успешно опстојува 77 година. По трансформацијата на капиталот станува акционерско друштво. Нејзини актуелни покрупни акционери се Иванка Мојсова со 22,5 отсто од акциите со право на глас, Милан Ивановски со 17,9 отсто од акциите и трите деца за Светозар Јаневски: Кирило, Драгана и Јане со по 6,8 отсто од акциите наследени од нивниот татко.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им

28/10/2026
Македонија

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ

28/10/2026
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата

28/10/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ

28/10/2026
Македонија

СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен

28/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ Тројца се

28/10/2026
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ АНОНИМНО И

28/10/2026
Македонија

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46410
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им порача на жителите да не

28/10/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник на

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ Повторно приведена зашто наплаќала влезници

28/10/2026

Полицијата вчера повторно ја привела Стојна Димитровска Боотх, жената која наплаќаше влез во локалилетот Куклица. Како што наведува полицијата, С.Д.Б.(41)

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата м.Услуги нуди едноставен пристап на

28/10/2026

Министерството за дигитална трансформација денеска официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy