Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како Министерството за одбрана го доби најголемиот досега виден попуст за набавка на струја? Провизијата е само 3,9 отсто!
Економија

Како Министерството за одбрана го доби најголемиот досега виден попуст за набавка на струја? Провизијата е само 3,9 отсто!

11/06/2024

AA

„Фактор“ како редовен и реноминар хроничар на состојбите на македонскиот пазар на електрична енергија не може, а да не го подвлече, овој општествено-одговорен чекор на голема компанија за снабдување со струја. Во конкуренција на четири снабдувачи на тендерот РЕС од Скопје ја спушти провизијата од почетните 16 отсто на 3,9 отсто, колку што Министерството за одбрана ќе плати за секој потрошен киловатчас. Значи за промет од 3,24 милиони евра РЕС ќе наплати провизија што е помала од 110.000 евра. Се разбира, како и кај сите тендери досега, цената за киловат се наплаќа по цената на унгарската берза ХУПЕКС

Министерството за одбрана ќе плати до 3,24 милиони евра за струја за своите осум касарни ширум земјава, за период од една година. Но тоа во овој случај и не е најважната вест! Од досегашното следење на тендерите за снабдување со струја на државни институции произлегува дека токму од овој тендер Министерството за одбрана е државен орган кој ќе плати најниска провизија на компанијата снабдува за набавка на електрична енергија. И овој податок вреди за период од три години наназад односно пост-корона периодот. А во него имавме набваки во кои компаниите снабдувачи знаеја да наплатат и до 30 отсто провизија на сумата која институцијата ќе ја плати за електрична енергија. А електричната енергија секогаш и без исклучок се наплаќа по цени кои струјата ги постигнува на берзата за електрична енергија ХУПЕКС во Унгарија.

Потврда на горниот пасус има на следниот линк каде се достапни податоците за провизиите за продажба на струја за буџетски корисници https://time.mk/javni/?naracatel=&firma=&start_datum=12%2F03%2F2024&end_datum=10%2F06%2F2024&opis=%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0+%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0&group_by=

Снабдувач на Министерството за одбрана во периодот до 1 јули 2025 година ќе биде скопската компанија „Рењувабал Енерџи Суплај“ (РЕС). На тендерот на Министерството за одбрана оваа фирма за снабдување во конкуренција на вкупно 4 компании ја дала најниската провизија и го добила тендерот. Нивниот надоместок односно провизијата изнесува само 3,93 отсто од вредноста на електричната енергија која министерството ја потрошило, а ја плаќа по цени за тој месец на унгарската берза ХУПЕКС.

Според официјалните достапни податоци на https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/a5480766-b810-4cc9-834f-23319d559ff4 почетната односно највисоката провизија на тендерот била 16 отсто, но по меѓусебното наддавање провизијата се спуштила до 3,93 отсто, а РЕС го добил тендерот вреден 3,24 милиони евра.

Вредно е да се истакне дека на овој тендер воопшто не учествувала државната трговска компанија за струја ЕСМ Продажба која е фирма ќерка на државниот производител на струја ЕСМ. Во последните три години имало примери во кои токму ЕСМ Продажба знаела да даде најниска провизија на тендер за снабдување на државни институции. Но во овој случај тие дури не ни конкурирале да го добијат тендерот.

Инаку од договорот за купопродажба се гледа дека РЕС зема обврска да снабдува вкупно 43 точки на напојување (објекти потрошувачи н.з.) во скопската касарна „Илинден“, но и во касарните во Куманово, Штип, Тетово, Кичево, Тетово, Прилеп, Велес и воениот полигон Криволак. 

РЕС е голема компанија снабдувач со струја која во своето портфолио има речиси 200 прани лица кои ги снабдува со електрична енергија. Минатата година оваа компанија направила приход од безмалку 100 милиони евра,а остварила добивка поголема од 4 милиони евра. На крај на 2023 година фирмата вработувала 12 лица. Поранешен ко-сопственик и основач на РЕС е познатиот македонски стопанственик Кочо Анѓушев, кој во јавноста е познат и како основач и поранешен сопственик на ЕДС уште една голема фирма за снабдување со електрична енергија.

РЕС е во целосна сопственост на бугарската компанија „Кертоки Пауер“ со седиште во Софија.

Р.Ф.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД

03/10/2026
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45950
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД САМОИЛ Не е направена ДНК-анализа

03/10/2026

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy