Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ИМ УСПЕА ДА УКРАДАТ 1,7 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО КРИПТОВАЛУТИ: Лидери се, во светот им нема рамен
Економија

КАКО ИМ УСПЕА ДА УКРАДАТ 1,7 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО КРИПТОВАЛУТИ: Лидери се, во светот им нема рамен

04/02/2023

AA

Северна Кореја,
која важи за технолошки неразвиена земја, е лидер во кражбата на криптовалути
на глобално ниво.

Имено, нејзините
хакери минатата година украле дигитални пари во вредност од 1,7 милијарди
долари, велат од компанијата Chainalysis која се занимава со анализа на
блокчејн пазарот. Ова е четири пати повеќе од сумата што успеале да ја земат во
2021 година.

Колку е сериозна
оваа бројка покажува фактот дека на севернокорејските хакери им се припишува
речиси половина од вредноста на украдените криптовалути на целата планета.
Минатата година, се разбира, со нелегални методи беа украдени вкупно 3,8
милијарди долари дигитални пари. Ова е за половина милијарда долари повеќе
отколку што беше украдено во 2021 година.

Добар дел од таа
сума помина низ рацете, односно тастатурите на севернокорејските хакери. Се
сомнева дека тие се поддржани од државата и дека дел од овие пари ќе бидат
наменети за продолжување на финансирањето на развојот на нуклеарно оружје. Уште
повеќе, американските безбедносни службеници веќе пресметале дека една третина
од тие пари ќе завршат во програмата за развој на оружје.

Исто така, се
додава во овој извештај, постојат сериозни индиции дека Северна Кореја е
вмешана во „перење“ на дигитални пари и NFT украдени од други хакери, како и
дека е вмешана во некои акции на групата „Лазар“, која крадела криптовалути во
голем обем.

ФОТО: EPA-EFE/JEROME FAVRE

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сведоштво на братот на загинатиот Андреј Панов: Во „Пулс“ имало

26/01/2026
Македонија

АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА ПОБАРА ДА СЕ ИСКЛУЧИ ЈАВНОСТА АКО ПРОДОЛЖИ

26/01/2026
Македонија

Стопанската комора предупредува: Блокадите на граничните премини може да предизвикаат

26/01/2026
Македонија

„Тргнувајте еден саат порано“: Судијката ги искара полицајците од Тетово

26/01/2026
Македонија

Жолт хидро аларм: Потенцијална опасност од излевање на реките во

26/01/2026
Македонија

ВИДЕО „За вас е обичен човек, за нас монструм“: Таткото

26/01/2026
Македонија

МВР: Најавен протест на граничните премини – товарниот сообраќај ќе

26/01/2026
Македонија

ГО БОДЕЛА СО КУЈНСКИ НОЖ, ГО ГРЕБЕЛА СО НОКТИ Пијана

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40616
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сведоштво на братот на загинатиот Андреј Панов: Во „Пулс“ имало еден излез, без противпожарна опрема

26/01/2026

Кристијан Панов од Кочани, брат на загинатиот Андреј Панов, во своето сведоштво за трагедијата во дискотеката „Пулс“ изнесе сериозни тврдења

АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА ПОБАРА ДА СЕ ИСКЛУЧИ ЈАВНОСТА АКО ПРОДОЛЖИ НАРУШУВАЊЕТО НА РЕДОТ ВО СУДНИЦАТА

26/01/2026

Судијката Диана Груевска Илиевска пред почетокот на рочиштето ги предупреди родителите на загинатите кои да го почитуваат редот во судницата

Стопанската комора предупредува: Блокадите на граничните премини може да предизвикаат економски штети

26/01/2026

Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) смета дека проблемот со примената на правилото 90/180 дена за професионалните возачи треба да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy