Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, никој веќе нема дилема
Македонија

Мицкоски: На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, никој веќе нема дилема

04/02/2023

AA

„За жал денеска се помалку е присутна надеж, се повеќе е присутно разочарувањето, мизеријата, болката за неправдата, болката дека нема правда, луѓето се чувствуваат опљачкани, осиромашени, понижени и голем дел од нив одлучуваат засекогаш да ги напуштат своите домови овдека во Македонија. Разочарани што не добиле вистинска шанса. Јас сум на факултетот каде што имам секојдневна комуникација со млади луѓе чии што родители се нивниот мотив да после студиите ја напуштат Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ која што беше организирана во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО.

Мицкоски додаде дека токму тоа е колективен неуспех што сега се случува во Македонија. Тој дури вели дека ВМРО-ДПМНЕ треба сето тоа да го корегира.

„Многу скоро од денеска ќе имаме можност. Ќе имаме можност, ќе дојдат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Бидете сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Никој веќе нема дилема, дури и Ковачевски да го прашате и Али Ахмети и тие ќе ви го дадат тој одговор. Барем едно е константна, кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Прашањето е дали ќе бидат 55, 58, 60, 62 пратеника. Само тоа е дилемата, друго верувајте дека нема да има дилема. Народот е мотивиран и народот сака да го види ВМРО-ДПМНЕ. И знаете што ми велат луѓето кога ме среќаваат, еве изминатиов месец беше месец полн со празници, со слави, и често пати кога одев на тие слави без разлика дали беа организирани во градски, или во рурални средини, луѓето велеа ова е последната шанса. Значи ВМРО-ДПМНЕ е последната шанса. Вие сте последната шанса“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И тоа не е едноставно. Таа шанса нема да има привилегии. Таа шанса нема да биде убава шанса. Затоа што ако била убава немало да сте вие. Таа шанса нема да значи уживање. Туку многу работа, многу откажувања, многу мака, многу труд, многу храброст, многу одлучност, за да се обидеме да ја доведеме Македонија на некое пристојно место. Нема да биде лесно. Но, знам едно дека секој кој што ќе биде надвор од оваа рамка, секој оној кој што ќе ја изневери довербата на граѓаните, а е дел од нас, ќе биде веднаш санкциониран и отстранет од структурата од која што ја добила таа шанса. Затоа што образот нема цена, а достоинството на нашите сограѓани, нашиот македонски народ нема цена, не смееме да ги разочараме“, заклучи Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy