Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Како и природата денеска да тагува“ рече учесничка на трката „Сите за Кочани – трчаме заедно“
Македонија

„Како и природата денеска да тагува“ рече учесничка на трката „Сите за Кочани – трчаме заедно“

25/05/2025

AA

Со срцата и мислите кај Кочани, а со телото и духот на падините на Водно – стотици граѓани од седум градови денеска истовремено стартуваа во хуманитарната трка „Сите за Кочани – трчаме заедно“. Точно во 10 часот, во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, Велес, Струга и Крива Паланка започна симболичната трка, во чест и сеќавање на 62-та жртви од катастрофалниот пожар што ја потресе Македонија.

Трката беше организирана од Делегацијата на Европската Унија и мрежата на „Јуроп Хаус“ по повод Денот на Европа, со цел собирање средства за настраданите семејства од трагедијата. Средствата од котизациите ќе бидат донирани на Црвениот крст и насочени кон поддршка на заедницата во Кочани.

„Процесот на лекување и тагување е долг и тежок. За семејствата ова е најтежок период. Ние сме тука за да испратиме силна порака на солидарност,“ изјави амбасадорот на ЕУ во земјава.

Прв на целта стигна скопјанец со јасна порака:

„Трката ја завршив без тешкотии – мислите ми беа кај нив. Го посветувам овој момент на жртвите.“

Веднаш зад него стигна млада девојка со порака до мајките од Кочани:

„Мотивацијата беше огромна. Денот е тивок и тажен, како да тагува и природата. На семејствата им испраќаме љубов и сила.“

Помеѓу учесниците имаше и најмлади кои со своето присуство покажаа дека солидарноста нема возраст. Атмосферата во сите градови беше исполнета со тишина, почит и искрено сочувство.

Хуманитарната трка покажа дека болката можеби не може да се избрише, но може да се ублажи со заеднички чекори, солидарност и сплотеност. Кочани не е сам.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy