
Како ќе возат автобусите за празниците? ЈСП Скопје со важни информации!
ЈСП Скопје информира дека за време на новогодишните празници ќе има изменет режим на сообраќање на јавниот превоз, како и промени во работното време на билетарниците, центрите за персонализација и Жичницата.
Утре (31 декември 2025 година) јавниот превоз ќе сообраќа по редовен зимен возен ред. Во четврток (1 јануари 2026 година), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите линии ќе се одвиваат согласно неделниот распоред.
Од петок (2 јануари 2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Во однос на работното време на билетарниците и центрите за персонализација, утре шесте центри за персонализација, како и билетарниците на Зелено пазарче, Бутел пазар и во Ѓорче Петров ќе работат до 16 часот, додека останатите билетарници ќе работат само прва смена, до 14 часот.
На 1 јануари дежурни ќе бидат центарот за персонализација на Транспортен цетар (од 11-17 часот) и билетарницата на Жичница (од 11-17 часот).
Од петок, 2 јануари, сите билетарници и центри за персонализација продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата утре ќе работи од 10 до 15 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. Последното возење од долу кон врвот и од врвот надолу е во 16:30 часот.
Термини на први вклучувања на градски линии на 1 јануари 2026 година
Линија 2 7.05 ч од Автокоманда 1 7.10 ч од Сарај
Линија 2А 11.31 ч од Железара 11.45 ч од Сарај
Линија 3 10.30 ч од Панорама 9.45 ч од Сп.сала Јане Сандански
Линија 3Б 8.45 ч од Кв.пазар 9.30 ч од Панорама
Линија 4 11.40 ч од Хром 11.40 ч од 11 Октомври
Линија 4А 14.43 ч од Усје 15.30 ч Тафталиџе
Линија 5 7.01 ч од Н.Лисиче 7.01 ч од Дексион
