Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ДОСЕГА УЛТРА ПРОФИТАБИЛНАТА ПРИЛЕПСКА КОМПАНИЈА ВЛЕЗЕ ВО ЗАГУБА – лани со чиста добивка од 15 милиони евра, во првиот квартал со минус од 50 илјади
Економија

КАКО ДОСЕГА УЛТРА ПРОФИТАБИЛНАТА ПРИЛЕПСКА КОМПАНИЈА ВЛЕЗЕ ВО ЗАГУБА – лани со чиста добивка од 15 милиони евра, во првиот квартал со минус од 50 илјади

01/05/2025

AA

Една од досега најпрофитабилните компании, Мермерен комбинат од Прилеп, објави загуба во работењето за првите три месеци од годинава. 

Загубата изнесува 54 илјади евра во периодот од први јануари и заклучно со крајот на март годинава. 

За илустрација, минатата година Мермерен комбинат од Прилеп ја заврши со добивка од дури 15 милиони евра, што, пак, беше раст за 8 проценти во однос на претходната 2023 година.

Од компанијата објавуваат дека причина за загубата се намалените приходи, поради лошото време во јануари и февруари, потоа ликвидацијата на залихи, како и зголемените цени на концесиите.

„За периодот од 1 јануари до 31 март 2025 година, Друштвото генерираше приходи од
продажба во износ од 214.441 илјади денари, што претставува намалување од 45% во
споредба со истиот период минатата година. Падот на продажбата се должи првенствено
на неповолните временски услови во јануари и февруари, кои сериозно го нарушија
производството на мермер и значително го намалија производството во текот на
тромесечието.
Зголемувањето од 55 отсто на цената на продадените производи главно се припишува на
ликвидацијата на стари залихи, поточно, фабричките залихи стари над 10 години кои
останале непродадени во претходните години. Оваа залиха носеше големи историски
трошоци и еднократното расчистување материјално влијае на структурата на трошоците
за тромесечието.
По измените на Тарифата за одредување на износот на надоместоци за издавање дозволи
и концесии за спроведување на детални геолошки истражувања и концесии за
експлоатација на минерални суровини, објавена во Службен весник од 25
декември 2024 година, концесискиот надоместок бележи зголемување за 122 отсто во
споредба со минатата година.
Во однос на оперативните трошоци, најголема компонента остануваат трошоците за
вработените, кои покажуваат зголемување од 12 отсто во споредба со истиот период
минатата година. Енергијата, суровините и потрошниот материјал – втората најголема
категорија на трошоци – се зголемени за 19 проценти. Спротивно на тоа, трошоците за
надворешни услуги се намалени за 41 отсто. Трошоците за амортизација за периодот
изнесуваат 33.752 илјади денари, што претставува пад од 8 отсто споредено со истиот период
минатата година“, објаснуваат од компанијата. 

Како резултат на овие фактори, Мермерен комбинат прикажува негативен оперативен профит од
(5.550 илјади денари), со нето загуба по оданочување во износ од (3.322 илјади денари). 

„Сепак, EBITDA за периодот остана позитивна на 28.202 илјади денари, нагласувајќи ја
издржливоста и профитабилноста на основните операции на Друштвото“, објаснуваат од прилепското акционерско друштво. 

Гледајќи напред, велат оттаму, во следните квартали се очекува закрепнување.

„Друштвото планира
зголемување на нивото на производство и капацитетот и одржување на стабилни,
профитабилни операции. Ова ќе биде поткрепено и со континуирани напори за контрола
и оптимизирање на трошоците, што ќе резултира со подобрување на финансискита
состојба во следните квартали“, се вели  во образложението прилоѓено заедно со Билансот на успех за првите три месеци од годинава.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy