Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како да се пласирате на светскиот стартап пазар?
Економија

Како да се пласирате на светскиот стартап пазар?

25/12/2023

AA

Да се остане на „сигурното“ работно место или да се инвестира во „ризичниот“ сопствен систем. Првиот чекор кон сопствен бизнис може да биде многу полесен доколку се посвети внимание на финансиската писменот. Да се креира првичен бизнис план, да се истражи бизнис идејата за соодветниот пазар и производ денес е многу полесно благодарение на достапните алатки. 

Не е 100% сигурно да се биде вработен и не е 100% несигурно да си претприемач, смета Сања Митровска бизнис и стартап консултант.

„На претприемачите многу им е потребна финансиска едукација за првично да можат да се чувствуваат комфорно во нивниот избор да бидат претприемачи.  Но, ако сте финансиски писмен човек кој што само ќе седне и ќе направи базична пресметка на било која плата што мислите дека е актрактивна, помножете ја со 12 месеци, помножете ја до целиот период додека сакате да работите или еве законската рамка за пензија, и ќе видите дека сумата воопшто нема да ви се допаѓа“, вели Митровска.

За да биде едно бизнис лансирање ракетно потребни се две работи. Првата е да се размислува глобално, а да се дејствува локално. 

„Супер е да се направи некое демо од продуктот, па собираат интерес односно собираат клиенти на балканскиот  пазар, а нивниот пазар е за странство. И што е негативното во ова размислување наспроти глобалното. Тоа што не може да дојдете до извори на инвестиција и вашето лансирање не може да биде ракетно“, потенцира Митровска која прави евалуација на бизнис идеи.

Пристапот до финансии е поголем од било кога. Сумите од стотина илјади евра не треба да ве плашат. Бизнис ангели, инвеститори во стартапи и инкубаторски или акцелераторски програми овозможуваат одлична почетна точка на прибирање инвестиции во иновативни производи и претприемачки решенија. 

„Слушаме за студенти кои добиле инвестиција од 200.000 евра, половина милион евра па добиле потоа еден милион евра. Тоа се навидум толку страшни суми, меѓутоа ако математички пресметате за некој да добие таква инвестиција неговата фирма бар би тежела некои 3 до 5 милиони евра. 

Треба да се примени светската формула за успешност на стартап програмите, односно од десет формирани стартапи, дури девет пропаѓаат, но доволно е еден стартап да успее за да стигне до значителен успех на пазарот. 

„Финансиски ако пресметате се исплати во вашите 20-ти до 30-ти години да работите континуирано на неколку стартапи па макар и да пропаѓаат. Десет да развиете девет да пропаднат, ќе учите во процесот како се гради стартап, а тоа е преку итерации, преку пропаѓања. Еден да успее вашата вредност, вашата компанија ќе има 5 милиони евра, таа пресметка ако тргнеме ретроспективно никогаш не можете да ја заработите со плата“, вели Митровска.

Еден од главните проблеми за основачите на стартапи е процесот на тестирање на нивниот иновативен производ, недостиг на соодветни хабови, долг и скап период на финиширање на производот за кој се потребни повеќе фази на инвестиции, но Митровска смета дека не мора да чекаме континуирано некој да ни помогне и да имаме хаб за тестирање. 

„Свртете се или отидете разговарајте со студенти на ФИНКИ со студенти на другите технолошки факултети ќе бидат и тoa како заинтересирани да ви бидат ко-фаундери. Тоа значи ќе ви помогнат да го изградите ова прво демо или се вика Minimum Valuable Product  со којшто ќе измерите интерес и плус ќе си добиете некој кој што понатаму можеби ќе ви помогне во развојот на продуктот“, заклучува таа.

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44997
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши на 23 факултети

13/08/2026

Првиот рок за пријавување на кандидатите за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е на 18 и

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва на насилство, заслужува крајот на

13/08/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која поминала 17 и пол години

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони евра во „Државна лотарија“: Злоупотребена

13/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy