Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните ги донираа „зелените поени“ од 68.000 шишиња за СОС Детското село, а Пакомак ја удвои донацијата
Македонија

Граѓаните ги донираа „зелените поени“ од 68.000 шишиња за СОС Детското село, а Пакомак ја удвои донацијата

25/12/2023

AA

Граѓаните одлучија: Дел од „Зелените поени“ собрани преку вендинг машините на Пакомак да се донираат за потребите на СОС Детското село. Овој хуман гест го препозна и самата компанија, која реши да ги удвои собраните средства и да придонесе со сопствена донација во истата цел.

Донацијата беше спроведена на апликацијата ЕкоМак, каде корисниците имаа можност да бираат каде ќе ги потрошат вкупно собраните „зелени поени“ добиени за селективно одложување на отпадот.

Преку одложување на отпад во изминатиот период беа собрани вкупно 68.000 „зелени поени“, еднакви на 34.000 денари во денарска противредност. Преку 300 корисници на апликацијата гласаа средствата да заминат кај СОС Детското село, за да им помогне во покривањето на оперативните трошоци.

Во знак на благодарност за користењето на машините, но и за хуманиот гест кој го преземаа корисниците, Пакомак реши да го удвои собраниот збир на поени на 68.000 денари и да ја поддржи донацијата со дополнителни средства.

„Во име на компанијата Пакомак, сакам да ви се заблагодарам што вашите зелени поени ги подаривте за поддршка на СОС Детското село и за заштита на ранливата група на деца без родителска грижа“, изјави Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Првата повратна вендинг машина беше поставена во Скопје во 2021 година, а оттогаш вендинг машини добија и повеќе други градови, како Тетово, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Берово и други.

Корисниците на повратните вендинг машини наменети за одложување на амбалажен отпад за секое парче отпад оставено во машината добиваат по 1 зелен поен (2 зелени поени = 1 денар), кои потоа имаат можност да ги искористат за плаќање во повеќе ланци на супермаркети,  плаќање комуналии и услуги од јавен интерес и слично. Апликацијата дава можност и за донирање на зелените поени за СОС Детско Село.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy