
КАКО ДА ПАДНАЛА ГРАНАТА: Гром оштети пат во Босна
Гром го распука асфалтот во Босна и Херцеговина (БиХ). Во попладневните часови вчера гром удрил на патот кој води до водопадот Кравице, при што сериозно го оштетил. Патот изгледа како да паднала граната.
Херцеговина вчера ја зафати силно невреме, а штетите се големи. Сепак, според сите извештаи, Љубушки претрпе особено тешки последици. Информација за Hercegovina.info ја потврдија од Противпожарната компанија – Љубушки, а багерите го расчистуваа асфалтниот шут за да овозможат слободно движење на автомобилите.
Инаку, вчера и во Хрватска, но и во други делови на Европа имаше невреме.
