Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како да излезете од маѓепсаниот круг на тага и нерасположение, што ги носи пролетната депресија?
Магазин

Како да излезете од маѓепсаниот круг на тага и нерасположение, што ги носи пролетната депресија?

03/04/2025

AA

Пролетта носи подолги денови и потопло време, но за многу луѓе, наместо енергија и ентузијазам, овој период од годината може да донесе чувство на замор, нерасположение и безволност. Овој феномен, познат како пролетна депресија, се јавува поради присуството на различни фактори и промени.

Тешко дека можеме да зборуваме за депресија во вистинска смисла на зборот, но луѓето често го користат тој термин. Јасно е дека временските промени влијаат на нивото на активност – како организмот да не се подготвил за она што доаѓа. Иако времето е поубаво, потопло и сончево, многумина се чувствуваат уморни, исцрпени и тешко функционираат.

На телото му треба време да се прилагоди, но поради наглите промени, многумина чувствуваат потешкотии во функционирањето и концентрацијата.

Дали пролетната депресија ги погодува само оние со предиспозиции?

Овој феномен не ги погодува само луѓето склони кон депресија. Има луѓе кои се почувствителни на временските промени, метеоропати.

„Колку и да ни беше тешко да се прилагодиме на зимата, сега имаме проблем да се префрлиме на пролетен ритам. Сè цвета, добиваме убаво време, што некаде создава чувство на притисок кај луѓето“.

Кои се физичките и психолошките симптоми на пролетната депресија?

На физичко ниво, симптомите вклучуваат хроничен замор, главоболки и зголемена чувствителност на алергени.

Многу луѓе почнуваат да киваат штом ќе излезат надвор, очите им се насолзуваат или им тече носот – сето тоа може да придонесе за чувството на исцрпеност.

Менталните симптоми вклучуваат чувство на нелагодност, несигурност, па дури и анксиозност

Пролетната депресија може да влијае на аксиозноста

Луѓето се чувствуваат растргнати помеѓу желбата да бидат активни и фактот дека нивното тело сè уште не им дозволува целосна подвижност. Дополнителниот притисок создава и свесност за физичкиот изглед – многумина стануваат незадоволни од вишокот килограми наталожени во текот на зимата, што може да придонесе за лошо расположение, велат психолозите.

Како да си помогнете?

Најважно е да не се форсирате и постепено да се прилагодувате на промените.

Луѓето да не се форсираат, бидејќи не можеме веднаш од зимски сон да преминеме на интензивни активности. Важно е да го слушате вашето тело и постепено да се прилагодувате.

Важно е да се внимава и на исхраната

Важно е да пиете доволно вода и да јадете сезонска храна (медитеранска исхрана) богата со витамини, наместо да се потпирате на суплементи. Исто така, денот треба да се организира така што ќе има простор за мали моменти за уживање со семејството или пријателите.

Не треба да го започнувате денот со брзање. Утринските ритуали, како тивко пиење кафе покрај сонце, можат да помогнат да се започне денот на посмирен и попозитивен начин.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy