Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ДА ЈА ЗАШТИТИТЕ СМЕТКАТА ОД СМС ФИШИНГ – ова се клучните работи што треба да ги знаете
Економија

КАКО ДА ЈА ЗАШТИТИТЕ СМЕТКАТА ОД СМС ФИШИНГ – ова се клучните работи што треба да ги знаете

30/10/2023

AA

Македонските корисници на банкарски услуги се под
закана од пробивање на податоците преку т.н. фишинг напади кои се вршат преку
СМС пораки. Зголемениот број на напади го вклучи алармот кај комерцијалните
банки, а истовремено со соопштение излезе и Македонската банкарска асоцијација.

„Согласно искуството кое клиентите го пријавуваат, до нив стигнува СМС
порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со „погрешна адреса“ на пратка
заедно со линк кој води до лажна веб страница наменета за нелегално преземање
на податоци за картички и други лични податоци“, посочуваат од МБА.

Како да ја заштитите
сметката од СМС Фишинг?

Фишинг нападите се обид на злонамерни страни да
добијат пристап до податоците на корисниците преку лажно претставување. Овој
вид на „хакерски риболов“, употребува мамка за корисникот која најчесто е во
форма на итна и неодложна акција која треба да се преземе брзо.

Корисниците кои се помалку информирани за
злонамерните методи, гледајќи дека пораката е добиена од наводно легитимен
извор брзаат да ги исполнат барањата на напаѓачот.

Вообичаено тоа е кликање на веб линк кој делува
легитимно, најчесто го содржи и името или дел од називот на банката, но ако
направите едноставна споредба на УРЛ адресата ќе видите дека станува збор за
лажно претставување.

Најчесто фишинг нападите се помалку комплексни и
не одат чекор подалеку од фрлање на мамка на која корисниците самоволно
внесуваат податоци, како на пример број на платежна картичка, код за
верификација и дата на истекување на важноста на картичката.

Тоа се доволно податоци за да се направат
сериозни злоупотреби. Други злонамерни напади имаат за цел само собирање на што
е повеќе лични податоци кои потоаа ги продаваат или пренесуваат на трети
страни.

Бидете сигурни дека
конекцијата е безбедна

Вообичаено секоја онлајн трансакција која има
висок степен на сигурност појавува исимбол на катанче
дека сајтот има воспоставено безбедносен SSL сертификат. Тоа значи дека вашите податоци како лозинки или број на
платежна картичка ќе останат приватни кога се испраќаат до конкретниот веб сајт
на кој вршите онлајн плаќање.

За да ја потврдите онлајн наплатата треба да
поставите и двостепена верификација, односно покрај одобрувањето на плаќањето
со внес на ЦВВ бројот, треба да ја одобрите трансакцијата и преку потврда со
код кој ви стигнува преку СМС на вашиот телефонски број.

Секое пристигнување на СМС порака со ваков код
треба добро да го проверите, односно дали се совпаѓа со сумата која ја плаќате,
називот на трговецот или примачот на средствата и дали содржината на било каков
веб линк се совпаѓа со официјалната веб страна на вашата банка.

Во спротивно веднаш блокирајте ја платежната
картичка и контактирајте ја банката.

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy