Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКО ЧОКОЛАДИТЕ ДОНЕСОА ПРОФИТ ОД 740 ИЛЈАДИ ЕВРА – добивката на „Европа“, сепак, намалена за 29 отсто
Економија

КАКО ЧОКОЛАДИТЕ ДОНЕСОА ПРОФИТ ОД 740 ИЛЈАДИ ЕВРА – добивката на „Европа“, сепак, намалена за 29 отсто

29/03/2023

AA

Работеле
речиси исто како претходната година, ама на крајот сепак не беа толку
профитабилни како во 2021 та.

Чоколадната
македонска компанија ги објави финансиските извештаи за 2022 година преку
Македонската берза, кои говорат за намалување на добивката, иако кор бизнисот,
а тоа е производството на чоколади и вафли, се одвивал речиси идентично со
текот кој го имал и во претходната година.

Што
говори консолидираниот Биланс на успех на „Европа“?

Клучната
поента е дека нашата чоколадна гордост ја заврши годината со добивка, и тоа на
сума од 736 илјади евра, што и не е така лошо, но сепак, во однос на претходната
2021 година, кога остварениот профит бил 1,04 милиони евра, тоа значи
намалување за 29 проценти.

„Европа“
лани имала исти оперативни приходи како и претходната година, па дури и нешто
малку повисоки, а тие изнесувале 13,9 милиони евра. А всушност оперативните
приходи говорат за тоа како се движел основниот бизнис на компанијата, односно
какво било нејзиното работење.

Билансот
на успех говори и дека „Европа“ повеќе продава надвор, а помалку на домашниот
пазар.

На
домашните потрошувачи „Европа“ лани им продала чоколди и други благи производи
на сума од 6,1 милиони евра, што е само благо намалување за 3 проценти во однос
на претходната година,

Додека,
пак, во странство се продаден благи на износ од 7,62 милиони евра, што е
зголемување за 2 проценти.

И
кај оперативните расходи нема голема промена, односно тие вкупно се зголемени
само за еден процент.

На
расходната страна, ако се погледнат трошоците за вработените, ќе се види дека
тие се идентични како и во претходната 2021 година, и изнесуваат 3,25 милиони
евра.

Финансиските
приходи се зголемени за 44 отсто, додека, финансиските расходи се зголемени за
64 проценти.

Најголем
акционер во „Европа“ е Фершпед со 21,77 отсто, а по овој акционер следува
Макошпед со 19,9 проценти. Удел од 18,05 има Сењак, 10 отсто сопствени акции
има самата Европа, Мила Левентиќ располага со 8,68 отсто и на крај Есамедин
Хасани има 6,25 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy