
КАКАО КРИЗА: Цените скокаат поради климатските промени
Светот е сѐ поблиску до какао-криза.
Тоа се тргува по рекордни цени на светскиот пазар. Климатските промени се главната причина за кризата затоа што значително ја погодуваат Западна Африка, каде што се одгледува мнозинството од какао во светот. Светот е во својата трета година од недостигот на снабдување од околу 200.000 тони годишно. Се очекува недостигот на зрна какао годинава да достигне 800.000 тони.
На цената на суровината влијаат новите регулативи на ЕУ. Ова го коментира Марк Доналдсон, основач на „Cocoa2Chocolate“, во интервју за „Bloomberg“.
„Ако има проблеми во Брегот на Слоновата Коска, Гана, Нигерија и Камерун, тоа значи дека 75 отсто од светското производство е засегнато и нема доволно во остатокот од светот да се компензира“, посочи Доналдсон.
Додаде дека има и други места од каде што може да се увезува зрната какао, но повеќето од нив не ги исполнуваат европските барања.
Глобалната побарувачка расте со 3-4 отсто годишно, а новозасадените дрвја не се доволни за да се одржат овој раст.
Цената на какаото зголемена и од новите регулативи воведени од ЕУ. Во светот и бананите ќе поскапат поради климатските промени. И приносите на кафе се помали поради истиот фактор.
