
КАФЕТО ВО ХВАР Е ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ! И Хрватите се изненадија: Една шолја од овој омилен црн пијалок е непристојно скапа!
Последната сметка од Хвар покажува дека деновиве кафе во кафуле на брегот на Хвар чини 4,50 евра. Веста за сметката за кафе со неверојатната цена испечатена на неа не е ништо ново за хрватските приморски градови во текот на летната сезона. Но, се чини дека годинава успеаја да ги изненадат и своите и жителите од соседните држави. Кафето стана луксуз со оваа летна сезона.
Како што се наближува летната сезона, цените растат, а првиот пораст доаѓа од најсончевиот хрватски остров Хвар. Минатата година, во февруари, едно кафе на Хвар чинеше речиси три евра, додека во текот на сезоната во едно популарно кафуле цената скокна на 4,10 евра.
Годинава цените дополнително се зголемија. Последната сметка од Хвар покажува дека деновиве кафе во кафуле на брегот на Хвар чини 4,50 евра.
За потсетување, од март 2023 година до март годинава, цената на кафето во Хрватска порасна за 7,4 отсто, што е најголем пораст меѓу земјите од ЕУ.
Романија има втор најголем раст во ЕУ, 6,8 отсто, а Бугарија е трета со 6,6 отсто пораст на цената на кафето. На ниво на цела ЕУ растот изнесуваше минимум еден процент, а многу земји забележаа значителен пад на цените.
Фотографија од сметката на следниов линк.
Извор: Вечерни.хр
