Кафе 50 денари ама само до 11 часот: Не е скапо во Охрид другар, ти касно стануваш од спиење
На социјалните мрежи масовно се прошири фискална сметка од Охрид, на која има интересни цени до 11 часот. Кафето е 50 денари, а пакет цедевита и кафе 120 денари – понуда која тешко ќе се најде во Македонија.
„Охрид не е скапо бе другар, ти касно станувш од спиење“, стои во објавата.