Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каевски: Преку ефикасни и навремени мерки успеавме да ја одржиме економската стабилност
Македонија

Каевски: Преку ефикасни и навремени мерки успеавме да ја одржиме економската стабилност

29/01/2023

AA

Преку одговорните, ефикасни и навремени мерки и политики на Владата предводена од СДСМ, успеавме да ја одржиме економската стабилност. Во 2022, во една од најкризните години во последните децении, успеавме да реализираме 465 милиони евра во капитални инвестиции, односно реализација на 90 отсто од предвидените капитални инвестиции за минатата година. Додека се множеа апокалиптични сценарија за македонската економија, СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи успеа да обезбеди предвидлива деловна клима за домашните и за странски инвестиции, соопшти на прес конференција Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник и додаде:

„Тоа го потврдуваат и официјалните податоци. Во 2022 година имаме 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР зоните.

16.300 граѓани работат во компаниите во индустриските зони низ целата држава и добиваат плати кои генерално се повисоки од државниот просек.

Извозот од ТИР зоните во 2022 година, достигна 3,7 милијарди евра што меѓу другото се должи и на новоотворените работни места.

Светската економска криза не го спречи растот на платите и пензиите. Во 2022 година минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а просечната плата достигна над 33.000 денари или 550 евра.

Пензиите се покачија во два наврати, а ново зголемување на пензиите ќе биде во март оваа година, согласно новата методолигија.

За успешноста на економските политики на Владата, потврда е и кредитниот рејтинг на Стандард и Пурс и задржувањето на кредитниот рејтинг на ББ- со стабилен изглед.

Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед земјава го има во континуитет и особено е значајно дека рејтингот не е променет и во време кога се соочуваше со здравствено-економска криза, како и ценовната и енергетска криза.

Ова е уште еден мотив да продолжиме со ефикасните и одговорни економски политики, кои носат економски пресврт и подобар животен стандард за сите граѓани“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy