Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каевски: Кандидатот на СДСМ ќе победи на претседателските избори и СДСМ ќе формира влада
Македонија

Каевски: Кандидатот на СДСМ ќе победи на претседателските избори и СДСМ ќе формира влада

31/10/2023

AA

Нема да има уставна криза затоа што кандидатот што ќе биде предложен од СДСМ ќе биде победник на претседателските избори и потоа коалицијата предводена од СДСМ, заеднички со проевропскиот блок ќе биде победник и на парламентарните избори, рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на Телевизија 24.

Каевски рече дека е убеден дека граѓаните препознаваат, овие избори ќе бидат референдум на кој ќе треба да се избере дали сме за напредок на државата или нови изолации, блокади и враќања во темно минато.

Единствената работа којашто ја прави опозициската ДПМНЕ е да блокира се што е добро за граѓаните. Се будат секое утро и велат што ќе блокираме денес? Наместо да гласа за ЕУ опструира, рече Каевски.

Консензус се прави со искрена политичка партија која мисли добро на државата, која нема да опстуира и блокира се што може да се блокира. Ги повикавме во сите процеси да учествуваат Приказните за бугарски диктати како и приказните дека не биле консултирани во ДПМНЕ, паѓаат во вода со многу изјави и факти кои потврдуваат дека тие одбија да учествуваат, дециден беше Каевски.

-Имаше покана да учествуваат во делот кога се формираа работни групи коишто ќе преговараат за преговарачката рамка. На прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели „нема да учествуваме“. Ги повикувавме за се и сешто, за се можно, а тие рекоа дека ќе блокираат затоа што сметаат дека така ќе се чукаат во гради и ќе се обидат да добијат некој политички поен и на тој начин да успеат да дојдат на власт, рече Каевски.

ДПМНЕ треба да бидат искрени и да кажат дали сакаат идентитетот, јазикот и посебноста да бидат проблем и да се извинат за искажаните лаги, додаде тој.
– ДПМНЕ има проблем со само проблематизирање на одредени работи. Наметнува работи за македонскиот идентитет, јазикот, посебноста, а сето тоа е затворена и гарантирана тема. Ако сметате дека имате вие проблем, кажете им на граѓаните дека имате проблем со тие работи и сакате тие работи да бидат проблем, рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy