
Кадиз ја урна Жирона за барем на момент да исплива од опасната зона (ВИДЕО)
За едно полувреме, Кадиз даде два гола со кои ги осигура трите бода. Во шестата минута, Ескаланте погоди за водство (голот ТУКА), а Гвардиола во 34-та ја дуплираше предноста (голот ТУКА) и потоа во вториот дел успеаа рутински да го приведат мечот за да триумфираат.
Кадиз со оваа победа сега дојде до 22 бода на 15-то место, но дипрва Еспањол и Севилја (по 21 бод), како и Валенсија која е прва во опасната зона (20 бода) треба да ги играат своите мечеви од ова коло.
Жирона го запиша деветиот пораз и остана на 24 бода, засега на сигурното 11-то место.