Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каде завршија 20 отсто акции на голема скопска кетеринг компанија?
Економија

Каде завршија 20 отсто акции на голема скопска кетеринг компанија?

17/03/2023

AA

„Уготур“ поранешниот хранител на десетина илјади работници на скопска „Жeлезара“ сега фунцкионира како компанијата за подготовка на храна и популарен сервис – кетеринг. Лани ова друштво „се врати во живите“ и оствари профит од 406.000 евра или 3,3 пати повеќе од 2021 година. Најновиот сопственик на акции во таа фирма за неполни три месеци купените 20 отсто акции ги трансферираше во непаричен влог во неговата штипска компјутерска фирма „ХЕД КОМ СЕ“

Не мирува сопственичката структура на „Уготур“! Повторно промена, официјално објавена и потврдена и на информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност.

Имено кон крајот на февруари 19,74 отсто од акциите со право на глас во големата скопска компанија за кетеринг и приготвување на храна „Уготур“ променија сопственост иако остана во ист посед.

„Уготур“ на берза објави дека има промена во сопственичката структура и дека Александар Михајлов повеќе не е сопственик на 19,74 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“. Станува збор за нетрговски трансфер што значи дека нема продажба. Токму начинот на промена на сопственост не наведе да ја пребараме веб страницата на Централниот регистар од каде добивме информации за судбината на акциите на „Уготур“.

Што се случи?

Александар Михајлов од Штип повеќе не е сопственик на акциите во скопски „Уготур“. По неполни два месеци повторно промена на сопственост за тие 19,74 отсто акции што пред крајот на 2022 година Александар Михајлов ги купи од Наташа Милева. На овие акции Милева заработи пристојна сума затоа што ги купи по цена од 7 денари за акција, а ги продаде по цена од 20 денари за акција. Повеќе за таа лукративна продажба може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/koj-zaraboti-300-otsto-od-prodazba-na-akcii-vo-skopska-ketering-kompanija

За овие акции (по единечна цена од 20 денари) Михајлов плати 55.000 евра. На 23 февруари Централниот регистар објави дека Михајлов сите овие акции ги внел како непаричен основачки влог во својата фирма „ХЕД КОМ СЕ“ ДООЕЛ од Штип.

Основната главнина на оваа фирма се состои од 5.000 евра паричен влог и од 55.520 евра непаричен влог -всушност 19,74 отсто од сите акции со право на глас во „Уготур“. Потврда за ова е достапна и на следниот линк https://crm.com.mk/mk/otvoreni-podatotsi/objavi-na-upisi-za-subjekti?s=%D1%85%D0%B5%D0%B4%25%D0%BA%D0%BE%D0%BC&id=35020230003674&p=1

Колку вреди акцијата на „Уготур“?

Реално и пазарно цената на секоја акција се утврдува преку балансот меѓу понудата и побарувачката. Последната цена што инвеститор ја платил за акцијата на „Уготур“ е 20 денари и тоа е Александар Михајлов. Последната трансакција се случила на 23 декември лани. Книговодствено секоја акција со право на глас во „Уготур“ вреди 74 денари што е 3,7 пати повеќе од цената што и ја утврдила „невидливата рака на пазарот креирана од понудата и побарувачката“.

Минатата година за „Уготур“ беше многу подобра од претходната. Вкупните приходи лани се 4,8 милиони евра и се за нијанса повисоки од претходната година. Но кај нето добивката има очигледно подобрување. За лани таа изнесува 406.000 евра и е за 3,3 пати повисока во споредба со претходната 2021 година.

Најголеми акционери во „Уготур“ се: брокерската куќа на „Фершпед“ со 19,9 отсто од акциите, штипски „ХЕД КОМ СЕ“ со 19,7 отсто и Никола Камчев со 11,8 отсто од правата на глас. Во сопствен откуп компанијата има 10 отсто акции.

Р.Ф.

foto freepik.com/ruslan_shramko

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy