Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАДЕ ИСЧЕЗНУВААТ НЕВРАБОТЕНИТЕ?! – побрзо опаѓа бројот на граѓани кои не работат отколку што расте бројот на вработени
Економија

КАДЕ ИСЧЕЗНУВААТ НЕВРАБОТЕНИТЕ?! – побрзо опаѓа бројот на граѓани кои не работат отколку што расте бројот на вработени

07/03/2024

AA

Благ пораст на бројот
на вработени лица, и малку поголемо намалување на невработените. Ова е грубиот
заклучок од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика во нивната
анализа „Месечен статистики извештај“

Бројките говорат
дека во четвртиот кватал од 2022 година имало 690.053 вработени лица, додека
невработените изнесувале 112.227 лица
. Веќе следното тромесечие или во првите
три месеци од 2023 година имало 683.242 вработени и 104.403 невработени
граѓани.

Во вториот
квартал од 2023 година бројот на вработени се искачил на 689.714 граѓани,
додека бројот на невработени паднал на 103.888 лица. Последниот кватал за кои
се објавени податоци е третиот квартал од 2023 година кога биле вработени 692.768
лица, додека на списокот на невработени се нашле 102.134 граѓани
.

Овие податоци
покажуваат дека од четвртиот квартал во 2022 година, до третиот квартал во 2023
година бројот на вработени лица во Македонија се зголемил за 2.715 лица.
Иако
во меѓу време имало намалување на бројот на вработени, но потоа и нов  раст, разликата меѓу состојбите пред една година е скоро три илјади
лица примени на одредена работна позиција.

Од друга страна,
кај бројот на невработени лица се забележува дека постојано има намалување на
бројот на невработени, но не сите нашле работа, односно не сите се вработиле. Бројките покажуваат дека во споредба со четвртиот квартал на 2022 година бројот на
невработени до третиот квартал минатата година се намалил за десет илјади граѓани.

Иако во овие
бројки се однесуваат на популација од 15 до 64 години, и во нив тинејџерите
најчесто не работат, односно до 18 години најголем дел се уште се опфатени во
образовен систем, сепак, согласно европските стандарди опфатени се во анализите
на статистичките бироа.

Во анализите на
ДЗС нема појаснување на што се должи разликата меѓу бројот на вработени и
бројот на невработени лица. Дали е ова резултат на зголемување на лицата кои
заминуваат во пензија или пак како резултат на одливот на граѓани од нашата
земја? Дека придонес кон намалување на невработеноста има иселувањето оддамна
се пишува, но притоа не е направена анализа која ќе покаже колку граѓани
годишно ја напуштаат земјата.

Први официјални
податоци кои укажуваа на масовно заминување беа податоците од пописот направен
пред некоја година, кој покажа колку многу граѓани изгубила Македонија
изминативе години. 

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy