
Кај некои соседи амбасадорите одлучуваат и кој ќе вари кафе во Владата, вели Вучиќ
Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ вели дека кај некои од соседите на Србија, странски амбасадори одлучуваат кој ќе вари кафе во Владата. Претседателот рече дека не седи на две столчиња, туку на едно, српско.
Тој за написот на Тајмс во кој соговорниците на британскиот весник го нарекуваат „балкански Ал Капоне“, изјави дека ова е пример за кампања против него.
„Дојде крајот на Вучиќевото седење на две столчиња, сите ги изневери, но сега е готово, а јас никого не изневерувам ни во еден момент, ниту цело време. На сите им кажувам едно и исто, ние имаме наше српско столче и јас се гордеам со српскиот стол, не ми е гајле за вашите столови, имајте две, пет, десет, не ми е гајле, го сакаме своето столче, не ни го нишајте“, рече Вучиќ.
Кажа дека во некои држави амбасадорите се прашуваат за сѐ, но не прецизираше на кого се мисли. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, изјави дека оваа недела ќе биде исклучително тешка за Србија бидејќи ќе има дополнителен притисок врз земјата да воведе санкции кон Русија.
фото ЕПА
