
Кај Челопек излета возило од пат, повредени возачот и сопатничката!
На 17.02.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во с.Челопек, тетовско, патничко возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од Тетово, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка М.Б.(36) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

