
К-15 од 2 милиони евра легна на сметките на полицајците
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека денеска на сметките на полицајците же им легне регрес за годишен одмор во вкупна висина од 2 милиони евра.
Исплатениот К-15 за 2023 година е во износ од 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.
„Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35 отсто откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните“, информира Спасовски.