Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Jавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026”
Македонија

Jавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026”

26/01/2024

AA

Денес, во просториите на Клубот на органите на државната управа, се одржа јавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026”, на која воведни обраќања имаа Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Јетон Шаќири, министер за образование и Ана Чупеска, претставник на академската заедница.

Тој во своето обраќање нагласи дека со денешната јавна расправа се оди и чекор понатаму во развојот на концептот „Едно општество за сите“, во негово збогатување со различни перспективи, вклучувајќи ги граѓаните и граѓанките во обликување на колективната визија за развој на интеркултурализмот во земјава, притоа уважувајќи ги принципите на меѓусебно почитување и толеранција на различностите.

„Со концептот „Едно општество за сите“ емотивно длабоко сум поврзан затоа што бев дел од пионерските чекори на неговото воздигнување на пиедесталот на официјална државна политика, кога работевме на претходната верзија на оваа стратегија, каде се вклучив како координатор на стратешката област за општествена кохезија. Оваа стратегија за која денес ќе дискутираме, е облагодарување, филигранско нијансирање и унапредување на еден процес, кој политички го започнавме уште во 2016 година“, рече вицепремиерот Битиќи.

„Со прифаќањето и развојот на интеркултурализмот во државата се создаваат можности да се искористи богатството на нашето различно наследство, притоа водејќи кон социјалната кохезија и намалување на потенцијалот за внатрешна конфликтност. Интеркултурализмот од една страна претставува и цврст темел за економските текови во општеството, за неговиот просперитет, а од друга страна отвора и пристап до резервоар од креативност, иновации, па и до уникатни пристапи во решавањето на различни проблеми. Економијата не е изолиран остров во општеството, таа на многу начини, повеќе или помалку суптилни или отворени, условно кажано, „комуницира“ со општествената средина, во која симбиотски е поврзана со културното, етничкото, религиозното милје“, нагласи вицепремиерот Битиќи во своето обраќање.

Министерот за образование, Јетон Шаќири потсети дека во изминатите три години по донесувањето на Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и едно општество за сите 2020-2022 донесени се поголем број на акти и документи во областа на образованието базирани на принципите на интеркултурализам, демократија, недискриминација, почитување на индивидуалните разлики меѓу учениците како и принципот на разбирање и почитување на „другите”, родова еднаквост, мултикултурност итн. Со што јасно е истакната определбата за исполнување на стратешки приоритети и цели утврдени со Стратегијата.

Во новата предлог „Национална стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, 2024-2026“, врз општата цел „Унапредување и зајакнување на интеркултурноста во основно и средно образование”, утврдени се три посебни цели. За секоја од посебните цели дефинирани се предлог мерки и активности кои треба да се спроведат во следните три години.

Како претставник од академската заедница воедно и една од експертите кои учествуваа во подготовка како на претходната Национална стратегија „Едно општество за сите”, така и на оваа е професорката, Ана Чупеска, кoja нагласи дека главна цел и приоритети на двете стратегии е да се зајакнат веќе постоечките институции како би можеле да бидат респонзивни во поглед на интеркултурализмот. Стратегијата цели кон социјална кохезија и поинтегрирано општество без притоа да воспоставува системи на доминација на една заедница врз друга.

На Јавната дискусија којашто ја водеше Роберт Алаѓозовски, претседател на Координативното тело за изготвување на Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија, збор зедоа претставници на граѓaнски здружениjа, професори, експерти коишто ја покриваат оваа проблематика.

Тие го поздравија скорешното усвојување на Стратегијата и побараа да се започне веднаш со имплементација на предвидените активности. Очекуваат ефикасност од институциите затоа што имаат чувство дека дел од проблемите остануваат нерешени иако постојано се носат нови стратегии.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА

13/04/2026
Македонија

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели

13/04/2026
Македонија

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42439
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА Нема да се меша во

13/04/2026

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели дека тоа важи и за

13/04/2026

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy