Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗВРШИЛ ЗЛОСТОРСТВА ВРЗ СРБИТЕ: За Дачиќ бегството на Рамадани е скандалозно
Регион

ИЗВРШИЛ ЗЛОСТОРСТВА ВРЗ СРБИТЕ: За Дачиќ бегството на Рамадани е скандалозно

15/08/2024

AA

Србија бара објаснување од Северна Македонија за бегството на Бљерим Рамадани кој беше уапсен на граница, а потоа пуштен во куќен притвор во Скопје и оттука побегнал. 

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Белград бара објаснување од државните органи на Северна Македонија за бегството на Рамадани, кој беше уапсен земјата по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија. Дачиќ го опиша бегството на Рамадани од домашен притвор во земјава како „скандалозно“.

„Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара за да го изведе пред суд“, вели Дачиќ на 15 февруари, пренесе српското Министерство за внатрешни работи.

Рамадани избега од домашен притвор од куќа на роднина во Северна Македонија, откако минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија.

Рамадани, врз основа на меѓународна потерница од Интерпол Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен во затворот Шутка на 30-дневен екстрадиционен притвор.

Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен припадник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродима.

Како што пренесуваат косовските медиуми, Рамадани е третиот државјанин на Косово како поранешен припадник на ОВК, уапсен во Северна Македонија врз основа на српска потерница. Претходно беа уапсени Гафур Дуголи и Томор Морина, но со судска одлука беа ослободени.

Арбен Таравари од Коалицијата ВЛЕН истакна дека уште од првиот ден требало да биде ослободен поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, но тоа го спречил обвинител од Кичево. 

СДСМ го обвини министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски дека е виновен за бегството. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy