
Извлечено телото на починатиот планинар од Пелистер
Доцна вечерва со специјални екипи излечено е телото на починатиот планинар од планината Баба.
Според извори на 4NEWS.mk екипата која беше испратена за интервенција во планински услови од страна на ДЗС Битола заедно со тимот во кој има и доктор и претставник од МВР, истите го извлекувале починатото тело до асфалтен пат и го префрлиле во специализирано возило за натамошна постапка.
Како што веќе објавивме порано, станува збор за скопјанец кој починал од срцев удар.
Тој не бил сам, туку со група планинари кои допатувале викендов во Битола за да планинарат.
Станува збор за искусен планинар со иницијали А.С од Скопје. Пријателите со кои бил, први побарале помош, но поради непристапноста на теренот, телото најверојатно ќе се симнува со хеликоптер. Тие се наоѓале во близина на Ловечка куќа на надморска висина од околу 2.000 метри.