Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изведени пред суд шест од седумте полициски службеници кои се осомничени за пожарот во Кочани
Македонија

Изведени пред суд шест од седумте полициски службеници кои се осомничени за пожарот во Кочани

16/04/2025

AA

Шест од седум полициски службеници осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани, за кои денеска Обвинителството побара мерки на претпазливост, се изведени пред Основниот кривичен суд Скопје.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој ќе треба да одлучи по барањето од Обвинителство за определување мерки на претпазливост.

Обвинителството денеска отвори истражна постапка против десет полициски службеници за пожарот во Кочани. За седуммина осомничени се предлага да им се определи мерки на претпазливост, додека останатите тројца осомничени, потенцираат од обвинителството, се обезбедени со претходната постапка.

-Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07 декември 2012 година до 21 јануари 2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, велат од Републичкото јавно обвинителство.

Според описот содржан во наредбата за спроведување истражна постапка, осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во погоренаведениот временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.

Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.

Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, се додава во него, продолжува со предистражни дејствија во насока на откривање на нови лица инволвирани во случајот. 

Десетте полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето Пулс во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy