Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Израелските војници стигнаа до населбата каде што се наоѓаат домовите на лидерите на Хамас
Македонија

Израелските војници стигнаа до населбата каде што се наоѓаат домовите на лидерите на Хамас

19/11/2023

AA

Израелската армија денеска соопшти дека се судрила со оперативците на Хамас во населбата Римал во Појасот Газа и открила 35 влезови кои водат до подземната мрежа на тунели и командни центри на Хамас и дека е пронајдено големо количество оружје.

Како што е наведено, во населбата Римал има „резиденции на високи функционери на Хамас кои ја презедоа контролата врз тамошните згради за да управуваат со терористичките активности“, пренесоа израелските медиуми.

Единици од падобранци, тенкови и членови на борбени инженерски единици се бореа против Хамас во Римал и во населбата Шеик Иѓлин.

Поголемиот дел од Римал, некогаш една од најбогатите населби, претрпе големо уништување во воздушните напади.

Израелските сили влегле и во воен камп во населбата Римал и пронашле складиште за оружје и седум ракетни фрлачи.

Во саботата, армијата ги прошири своите операции на неколку области во северниот дел на Појасот Газа кои се сметаат за упоришта на Хамас, вклучувајќи ги и населбите Зејтун и бегалскиот камп Џабалија.

Планирани се операции и во Шеџаија, каде Хамас и нанесе големи загуби на израелската армија во претходната војна во 2014 година.

Војската, пак, објави дека во саботата биле убиени тројца резервисти, со што бројот на загинати војници од почетокот на копнените операции во Газа на 27 октомври се искачи на 61.

Војната меѓу Израел и Хамас трае веќе 44 дена, а започна на 7 октомври по ненадејните напади на палестинските екстремисти од Газа кои ја пробија граничната ограда и навлегоа на јужна израелска територија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три

21/02/2026
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА

21/02/2026
Македонија

Автопатот Гостивар-Букојчани готов до 2029 година – експропријацијата речиси завршена

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: 21-годишник крвнички ја претепал и ја

21/02/2026
Македонија

ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ: Се запали плинска боца во

21/02/2026
Македонија

ГО ВНЕЛЕ ВО КУЌА, ГО ТЕПАЛЕ И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ

21/02/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СТАВИ ТОЧКА НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ: Нема предвремени избори, фокусот е

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41752
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy