
Израелски воени авиони напаѓаат цели во Дамаск
Израелски воени авиони синоќа нападнаа цели во сирискиот главен град Дамаск, јавија сириските државни медиуми.
Како што соопшти утринава сириската државна новинска агенција САНА, авиони на израелските воздухопловни сили истрелале ракети над Голанската висорамнина врз цели во Дамаск и околината.
Повикувајќи се на воен извор, САНА пренесува дека сириската воздушна одбрана одговорила на нападот и дека биле соборени некои проектили.
Израелските медиуми јавуваат дека Сирија секогаш тврди дека пресретнува израелски ракети, но дека воените аналитичари се сомневаат во тоа.
Во последниот напад е причинета материјална штета, а нема информации за евентуални жртви.
