
ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА ЈУЖЕН ЛИБАН: Убиен член на Хезболах и еден Либанец
Во израелски напад врз јужен Либан загина припадник на Хезболах и уште еден либански државјанин, соопштија два либански безбедносни извори, откако претходно соопштија дека се убиени двајца членови на Хамас.
Хезболах соопшти дека членот на Хезболах Али Хадерај, жител на село во областа источно од Тир, е убиен во нападот, пренесе Ројтерс.
Израелската телевизија Кан објави дека Хадерај служел како координатор меѓу Хезболах и Хамас во Либан за прашањата за електронско војување и противвоздушна одбрана.
Израел врши воздушни напади во јужен Либан против палестинските терористички групи со седиште таму, како и врз нивниот либански сојузник Хезболах, моќна вооружена група, исто така поддржана од Иран, која истрела ракети преку границата со Израел, објави The Times of Israel.