Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Израелската влада за пропалестинската порака на Џиџи Хадид: Спиеше ли минатата недела?
Магазин

Израелската влада за пропалестинската порака на Џиџи Хадид: Спиеше ли минатата недела?

17/10/2023

AA

 

Манекенката Џиџи Хадид, чиј татко Мохамед има палестинско потекло, се соочува со остра реакција од израелската влада откога го кажа својот став за нападите на Хамас врз Израел.

„Нема ништо еврејско во постапувањето на израелската влада кон Палестинците. Осудувањето на израелската влада не е антисемитизам и поддржување на Палестинците, тоа не е поддршка за Хамас“, напиша Џиџи дополнително во текот на викендот.

Набргу потоа на официјалниот „Инстаграм“ на државата Израел се појави реакција на објавата на славната манекенка.

„Нема ништо храбро во масакрот на Хамас врз Израелците. Осудувањето на Хамас за она што е (ИСИС) не е чин против Палестина, а поддршката за Израелците во нивното право против варварските терористи е правилна работа. Џиџи Хадид, дали ја преспа минатата недела? Или, дали е во ред да ги затвораш очите пред колежот на еврејски бебиња во нивните домови? Твојата тишина јасно стави до знаење каде се наоѓаш“, напишаа од таму.

Тие потоа објавија фотографија од крвава детска соба и напишаа: „Ако не го осудуваш ова, твоите зборови ништо не значат“.

За потсетување, Џиџи Хадид сподели објава на „Инстаграм“ минатата недела во која напиша дека „го осудува тероризмот врз невините луѓе“ под „движењето за слободна Палестина“ и испрати љубов и поддршка до своите пријатели, Палестинци и Евреи.

Сепак, некои ја обвинија дека директно не го осудува Хамас, а други ја нападнаа дека се обидела „да игра на двете страни“ и дека ги заборавила своите корени. Манекенката, заедно со сестра ѝ Бела, во минатото беше гласен поддржувач на Палестина поради што нејзината објава предизвика разни реакции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy