
Израелската армија ослободи киднапирана Израелка за време на копнена операција во Газа
Израелската армија и безбедносната служба Шин Бет вечерва соопштија дека е ослободена Израелката која на 7 октомври беше киднапирана од припадници на исламскиот екстремистички Хамас и однесена во Појасот Газа.
Во воена операција синоќа е ослободена Израелката Ори Мегидиш, која служела воен рок, таа е во добра здравствена состојба и се сретнала со семејството, јавуваат израелските медиуми.
Војската соопшти дека е ослободена во копнена операција, но други детали не беа откриени.
Израелските медиуми наведуваат дека таа била во извидничка единица, а била киднапирана во екстремистички напад на воената база Нахал Оз.
Според израелската армија, во Појасот Газа има околу 240 заложници, меѓу нив има цивили, деца, жени и постари лица.
Членовите на палестинските екстремистички организации ги киднапираа во јужен Израел на денот кога започнаа напади без преседан од Појасот Газа, поддржани од налетот на ракетен оган.
Пред ослободувањето на Мегедиш, Хамас ослободи две Американки, мајка и ќерка и две постари Израелки.
