
Израел со гол во финишот ги задржа шансите за пласман на Европското првенство
Мечот требаше да се игра во октомври, но поради војната меѓу Израел и Палестина тогаш беше одложен, а репрезентациите денеска се сретнаа на неутрален терен, во Унгарија. Швајцарците дојдоа во водство до 36. минута преку Варгас и се чинеше дека ќе ја задржат предноста со што уште вечерва ќе обезбедат пласман на Европското првенство, но тоа не се случи.
На две минути пред крајот на основниот дел, Вејсман го израмни резултатот и му донесе важен бод на Израел. Во судиското продолжение гостите останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Фернандес, но резултатот не се смени.
По осум одиграни натпревари, Швајцарија е лидер со 16 бода, но на последните пет меча, дури четири пати играше нерешено. Во завршните две кола, на оваа селекција ѝ е потребна една победа за да го обезбеди пласманот на Европското првенство. Израел нема право на кикс, но и не зависи од себе бидејќи мора да триумфира на двата последни меча, меѓу кои и против диркетниот ривал Романија и потоа да се надева на кикс на оваа селекција во последното коло.
