
Израел го нападна Иран, погоди нуклеарен реактор
Израел синоќа изврши голем воздушен напад врз иранскиот нуклеарен комплекс Натанз, централниот објект за збогатување ураниум во земјата.
Нападот беше дел од воената операција наречена „Операција „Рајзинг лав“, за која израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека имала за цел „неутрализирање на егзистенцијалната закана“ што ја претставува нуклеарната програма на Иран.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, издаде соопштение во кое прогласува „специјална вонредна состојба“ низ целиот Израел, бидејќи се очекува иранска одмазда „во непосредна иднина“.
Сите летови на главниот меѓународен аеродром во Техеран се суспендирани, соопштија иранските државни медиуми.