
Изненадување во „Шабан Трстена“: Пелистер шокантно преслушан во Чаир!
Пелистер во Чаир пристигна во одлична форма и со цел да ја продолжи победничката низа, но Чаир кој пред овој меч имаше само четири победи, направи изненадување и го совлада битолскиот им.
Првата четвртина не наговестуваше изненадување, беше рамноправно, Пелистер ги доби тие десет минути со 21-19. Чаир направи пресврт во вториот период и на одморот се замина со водство за нив од 42-39. Клучна беше третата четвртина која чаирчани ја добија со 28-17 и потоа до крајот само ја одржаа предноста за конечна победа од 88-77.
На Пелистер му пресуди нивниот поранешен играч, Мустафица кој имаше дабл-дабл учинок, 28 поени и 15 скока, одличен во домашниот тим беше и Мохамед со 22 поени и 10 скокови. Кај Пелистер Карутерс реализираше 26 поени.