
ИЗНАЈМУВАЧИТЕ ЗАМИНАА НА ЗАПАД: Поевтинуваат недвижнините во Будва
Поевтинуваат недвижнините во црногорскиот град Будва. Во градот е преполовен бројот на украински граѓани, што се одразува на пазарот на недвижности и туризмот, пишува Побједа.
„Според системот за регистрација на живеалиште РБ90, од 1 ноември минатата година до 27 февруари, бројот на украински државјани е за 50 отсто помал од истиот период минатата година“, велат за „Побједа“ од Туристичката организација Будва.
Илјадници Украинци, главно богати, изнајмиле станови и куќи во Будва, очекувајќи војната брзо да заврши. Денес, многумина се вратија во Украина, или заминаа во други земји, главно на запад од Европа и Канада, бидејќи во Будва не најдоа услови да започнат бизнис или да се вработат, а ги потрошија своите заштеди, објави „СЕЕ.биз.еу“.
Над 370.000 Руси допатуваа во Србија, бегајќи од Русија за да не бидат регрутирани за војната во Украина која почна пред две години.
foto freepik.com/user12555082