Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изминатото деноноќие 2 037 повици за итни случаи поради зимските временски услови
Македонија

Изминатото деноноќие 2 037 повици за итни случаи поради зимските временски услови

26/11/2023

AA

Вкупно 2 037 повици за итни случаи регистрирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатото деноноќие, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден.

ЦУК информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. На подрачјето на СВР Охрид има забрана за тешки товарни возила само на патниот правец Дебар – Маврово.

Според вонредното известување од Регионалниот ЦУК – Битола, во 09:40 часот патниот правец Прилеп – Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од три тони, a регионалниот пат Прилеп – Витолиште (Мариово) се уште не е исчистен и е прооден само за теренски возила.

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта предупредуваат дека на одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони. Воедно апелираат внимателно да се вози, со прилагодена брзина согласно условите на патот.

-Дежурните екипи од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта биле постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 2.037 повици, според последниот извештај на секторот Е-112 за последното деноноќие. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 47,91 отсто, а 52,09 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Кон Полицијата биле упатени 36,12 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 27,16 проценти, кон пожарникарите 2,05 отсто, кон АМСМ 4,62 и кон ЦУК 30,05 отсто. Изразено во бројки, вкупно 1 165 повици биле дел од тековната обработка на дежурните оперативци во ЦУК во двата сектора во последното деноноќие: Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација, наведува ЦУК.

Изминатото деноноќие нема податоци за регистрирани пожари на отворено – пожарникарите интервенирале само врз пожари во населени места.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy