
ИЗЛЕЗЕ АМЕРИКАНСКАТА „ЦРНА“ ЛИСТА ЗА ИЗВОЗ: Казнети се повеќе од од 50 компании
Соединетите држави додадоа повеќе од 50 кинески технолошки компании на листата за забрана за извоз во првата ваква одлука на администрацијата на Доналд Трамп, со цел да се намали способноста на Пекинг да развива вештачка интелигенција и напредни компјутерски технологии.
Бирото за индустрија и безбедност на американското Министерство за трговија стави вкупно 80 организации, меѓу кои 50 од Кина, на список и им забрани на американските компании да ги снабдуваат без владини лиценци, објави CNBC.
Компаниите беа казнети за наводно дејствување против националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД, како дел од напорите на Вашингтон да го ограничи пристапот на Пекинг до компјутерската технологија која може да обработува огромни количини на податоци со многу голема брзина, пренесува Танјуг.
