Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10 МОЖЕ ДА ПОЧНЕ, во Владата потпишан договорот со „Бехтел и Енка“
Економија

ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10 МОЖЕ ДА ПОЧНЕ, во Владата потпишан договорот со „Бехтел и Енка“

08/03/2023

AA

Денес го потпишуваме еден од најзначајните договори за инфраструктура
во нашата земја. Со договорот ќе се
градат коридорите осум и десет. Овој историски проект е стратешка определба,
развивме инфраструктура за следните генерации, за развој на економијата.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски пред
денешното потпишување на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

– 
Вредноста на
овој договор достигнува 1,3 милијарди евра, а вкупна должина на делниците скоро
110 километри. Со изградбата на овие коридори, Македонија ќе стане позначајна
транспортна рута и позабележителна на светскат мапа. Нашите напори за мордерна
патна и железничка инфраструктура стануваат реалност – потенцираше Ковачевски.  

Вицепремиерот Артан Груби дополни дека со потпишвуањето
на договорот може да започнат и градежните активности, а воедно изрази голема
благодарност до амбасадата на САД за заложбите во договорот.

– 
За споредба
во последните 35 години државата градела по пет километри годишно, а со овој
договор ќе бидат изградени 22-25 километри на годишно ниво. Разликата е голема,
и тука ќе ги видиме работите на конзорциумот, кој веќе има работено во
соседството и се има докажано во својата дејност – посочи Груби.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го
нарече денешниот ден, дена за паметење, и истакна дека се потпишува договор за
најголемиот инфраструктурен проект, кој ќе придонесе за раст и развој на
земјата.

– 
Ако минатата
година го започнавме најголемит проект во железничката инфраструкрура, денес ја
започнуваме во патната. Договорот кој го потпишуваме со изведувачот покажува
дека инфраструктурта е најголем приорите. На Македонија и се потребни нови
квалиетни пратишта, за посилна економија, за побрз транспорт на стоки и услуги.
Денес на сите им е јасно дека не смееме да губиме време на калкулации, туку да направиме
се за да ја задржиме стратешката позиција. Коридор 8 неодамна влезе во мапата
на коридори кои се од стратешко значење. Со изграбата на 110 авотопатски
делници даваме стимул во домашанта економија, а изведувачот ќе има и нови технологии,
кои во иднина би биле прифатливи и преземени од домашните компани. Во буџетот
на МТВ веќе се предвидени 15 милијарди денари, или 244 милиони евра што значи
дека сме подготвени за изградба – посочи Бочварски.

Директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми дополни
дека ова ќе биде најголем инфраструктруен преокт во земајва, и ќе обезбеди
подобри врски со соседите и подобро патување за сите учесници.

Кратко обраќање имаше и претставникот на конзорциумот
„Бехтел и Енка, Марк Алисон, кој истакна дека му е задоволство што ќе работи со
нашата Влада и дека преземаат одговорност за изградба на најквалитетни
патишата.

П.О.

Фото: Принтскрин/Влада

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy