Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изгледа прекрасно, но мора да се грижите за него: Ова се тајните кои треба да ги знаете за Божиќното цвеќе
Магазин

Изгледа прекрасно, но мора да се грижите за него: Ова се тајните кои треба да ги знаете за Божиќното цвеќе

19/12/2023

AA

Ставете го вашето Божиќно цвеќе на место со многу сончева светлина бидејќи тоа е всушност тропско растение кое многу сака светлина. Покрај тоа, овие растенија, исто така, ја сакаат влажната средина, па затоа чувајте ги блиску до други растенија за да ја задржат својата посебна микроклима.

Бидете сигурни дека цвеќето не е на промаја, без оглед дали е топол или ладен воздух.

Во текот на зимата, на Божиќните цвеќиња не им одговара пресуво тло, но мора да бидете внимателни дека водата може добро да се исцеди од саксијата затоа што корените се подложни на гниење. Ако имате хартија за завиткување околу
вашето цвеќе, направете дупки на дното и ставете го растението на пластична плоча, така што вишокот вода има каде да истекува.

Одржувајте урамнотежен распоред за наводнување(залејте кога почвата е сува, не дозволувајте почвата да се исуши подолго време и обезбедете добар проток на вода) во текот на целата година.

Ако одлучите да го задржите до наредната година, Божиќното цвеќе треба да биде режено. Кога лисјата во боја ќе паднат, што најчесто се случува во раната пролет, подрежете го додека не останат две или три пупки, односно до висина од некои 15 сантиметри.

Ако сакате вашето растение повторно да расцвета, кога ќе дојде есен, чувајте го вашето растение во темнината од 8 до 12 часа, бидејќи Божиќните цвеќиња треба да имаат период од 8 до 10 недели од долги и темни ноќи.

Чувајте го во некој темен гардеробер или пак покријте го со кутија, се додека повторно не расцвета.

Кога за неколку месеци ќе никнат првите пупки, подрежете малку на средина за да и овозможите на билката да се разгранува.

Инаку, тие можат да преживеат и на отворено ако се наоѓаат на сончеви локации и се заштитени од ветер, а температурата на воздухот не паѓа под 7 целзиусови степени. Имајте на ум дека овие растенија преферираат малку кисела почва.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy